• петок, 22 ноември 2024

Во Велес се одржа тринаесетта ораторска вечер „Петар Поп Арсов“

Во Велес се одржа тринаесетта ораторска вечер „Петар Поп Арсов“

Велес,25 октомври 2023(МИА) - Во големата сала на Општина Велес, синоќа се одржа традицоналната, тринаесетта по ред, ораторска вечер насловена „Нашето име, историја и јазик се нашата светост“,на кој учествуваа шест млади оратори од Скопје, Битола, Охрид и Велес. Првото место и припадна на осумнаесетгодишната Даниела Андовска од Скопје, второто на Богдана Механџиска од Куманово, а третото на Андреј Петровски од Скопје.

По победата на ораторската  вечер, осумнаесетгодишната Даниела Андовска  од Скопје за МИА информира дека втора година учествува на овој ораторски натпревар и, е среќна, што победила во многу силна конкуренција.

-Се чуствувам многу среќна што победив на оваа традиционална ораторска вечер, на која има интерес за учество кај младите во државава. Јас сум многу  горда кога зборувам за мојата татковина Македонија и за сите борци кои гинеле и се бореле за нејзината слобода.Тие  се патоказ за нас, младите генерации, потенцира Андовска.

Организаторите од Унијата за млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во информацијата за МИА потенцираат дека целтта на оваа веќе традиционална трибина, е кај младите да ги побуди длабоките чувства за љубовта кон својата татковина, јазик, нација и за почитта кон сите борци кои ги положиле своите животи за денешна слободна и независна македонска држава. ад/љм

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан