Во Велес продолжува замената на старите поцинкувани водоводни линии со нови пластични кои не се штетни по здравјето
- Општина Велес преку ЈКП „Дервен“ врши реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Орце Шутев“, односно замена на старата водоводна линија од поцинкувани цевки со нова со пластични црева
Велес, 30 март 2022 (МИА) - Општина Велес преку ЈКП „Дервен“ врши реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Орце Шутев“, односно замена на старата водоводна линија од поцинкувани цевки со нова со пластични црева кои обезбедуваат дистрибуција на здрава вода.
Како што информираат од Општина Велес, градоначалникот Марко Колев заедно со директорот на ЈКП „Дервен“ Горанчо Наунчев денеска направија увид во работните зафати, при што имаа можност и да разговараат со жителите од оваа улица и да ги слушнат нивните потреби од комуналната и друга сфера на живеење која е во надлежност на Општина Велес.
Тие најавуваат дека предвидените активности на терен за замена на старите водоводни со нови линии продолжуваат и низ другите велешки улици, согласно програмата на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ за оваа област.ад/вј/