Во Валандово ќе биде одиграна претставата „Убавината чекори сама“
- Во Домот на културата во Валандово вечер ќе се одигра претставата „Убавината чекори сама“. Станува збор за драмска претстава во која глумат средношколци и деветтоодделенци од валандовските училишта, а режијата и адаптацијата на претставата е на Станка Бајлозова-Барламова, книжевник и вработена во Домот на културата „25 Мај“.
Валандово, 8 мај 2025 (МИА) - Во Домот на културата во Валандово вечер ќе се одигра претставата „Убавината чекори сама“. Станува збор за драмска претстава во која глумат средношколци и деветтоодделенци од валандовските училишта, а режијата и адаптацијата на претставата е на Станка Бајлозова-Барламова, книжевник и вработена во Домот на културата „25 Мај“.
Според режисерката, сценариото е подготвено и адаптирано според оригиналната верзија на драмата „Убавината чекори сама“ од Томе Арсовски.
- Претставата е значително изменета од оригиналот на авторот Томе Арсовски, но истовремено сметам дека е одлично прилагодена врз бројот на улоги со кои што располагаме ние, во однос на актерските способности на децата и секако врз целата атмосфера што сите заедно ќе не опкружува вечер. Се работи за комедија со која очекуваме вистински да ги насмееме валандовските гледачи. Оваа претстава ја подготвуваме веќе неколку месеци и во неа има осум учесници, вели Бајлозова-Барламова.
Билетите за претставата се пуштени во продажба од минатиот понеделник, а претставата ќе биде изведена во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, која располага со 676 седишта. рт/бак/
Фото: Дом на култура „25 мај Валандово“