• четврток, 26 март 2026

Во Битола се одржа работилница „Терапија со поезија – Аптека на зборови“

Во Битола се одржа работилница „Терапија со поезија – Аптека на зборови“

Битола, 10 јули 2025 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ одржа работилница на тема „Терапија со поезија: Аптека на зборови“, дел од проектот „Библиотерапија, терапија со поезија и антистрес терапија“.

Членови на библиотеката се дружеа со Весна Мундишевска-Велјановска, роднокрајна писателка.

Мундишевска-Велјановска зборуваше за терапевтската моќ на поезијата и како чувствата можат да се преточат во зборови на лист хартија, а со своите избрани стихови, поетесата ги насочи присутните како да ги изразат своите мисли, како тие мисли да станат позитивни.

-Ваквите креативни настани позитивно влијаат на психичката состојба на луѓето и ја поставуваат библиотеката во фокусот на позитивните промени што се случуваат во заедницата, истакна м-р Емилија Стефановска-Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола и додаде дека низ светот се отвораат т.н. „аптеки“, во кои наместо лекови се изнајмува поезија. мт/вг/

Фото: МИА Архива/МИА

 

 

Остани поврзан