• понеделник, 22 јули 2024

Во Берово преку РОМАКТЕД програмата, спроведена активност за поддршка на ученици Роми во образованието

Во Берово преку РОМАКТЕД програмата, спроведена активност за поддршка на ученици Роми во образованието

Берово, 9 февруари 2024 (МИА) - Во рамките на РОМАКТЕД Програмата, фаза 2, денеска во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”- Берово, доделени се 29 ранци и ученички прибор на учениците од ромската заедница од 2-ро до 5-то одделение, кои посетуваат дополнителна настава за поддршка на ученици Роми. Оваа активност како што информираа од Општината се имплементира како дел од акцијата „ПОСТ КОВИД МЕРКИ  за превенција во образованието" за деца, кои се соочија со предизвици, од кои произлегоа последици, во однос на намалувањето на квалитетот на образованието. 

-Дополнителната образовна поддршка беше обезбедена по предметите македонски јазик, математика и англиски јазик. Преку вкупно 6 наставници-тутори, учениците имаа можност, во период од неколку месеци, да го надополнат, она што го пропуштиле за време на пандемијата, да се стекнат со нови знаења и да им биде објаснето, сето она што им беше нејасно, информираа од Општина Берово.

Од реализацијата на овие активности од Општината очекуваат во иднина, овие ученици, во текот на своето школување, да постигнуваат повисоки резултати. 

-Активноста е финансирана во рамките на проектот „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, додадоа од Општината.

Проектот како што напоменаа е финансиран во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програма, Фаза 2. вс/сст/

фото Општина Берово

 

Остани поврзан