Во Берово одбележан Денот на независноста
- По повод Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, денеска делегации на општина Берово, Здружение на пензионери, како и претставници на политички партии, положија цвеќе на Спомен костурницата во Берово.

Берово, 8 септември 2023 (МИА) – По повод Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, денеска делегации на општина Берово, Здружение на пензионери, како и претставници на политички партии, положија цвеќе на Спомен костурницата во Берово.
Пред присутните, беше прочитан реферат, со должна почит кон паднатите борци и посочување на историските моменти и значењето на денот.
- Овој историски датум, кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумско „да“, за остварување на вековниот сон за независна Македонија, е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата, во духот на слободата и демократските вредности, беше истакнато во рефератот по повод значајниот датум од македонската историја.
Берово денеска беше и дел од рутата на 32-то мото рели Македонија – Независност, кое се вози низ повеќе градови во Македонија. вс/ир
Фото: МИА