• петок, 22 ноември 2024

Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот

Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот
Берово, 25 ноември 2022 (МИА) - Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот. Активноста како што информираа од Општината се реализира со партнерската фирма „Пакомак”, која за таа цел донира 200 индивидуални канти за собирање на ПЕТ амбалажа наменети за потребите на Општина Берово.
-Фирмата „Пакомак” од Скопје и овој пат е  партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад. Новите канти, кои ќе значат почеток на складирано управување со отпадот, за семејствата во Берово, ќе  придонесат во засилување на системот за собирање на отпад , кој може да биде реупотребен и рециклиран, истакнаа од Општината.
Со цел успешна реализација на активностите градоначалникот Звонко Пекевски денеска потпиша договорот со партнерската фирма.
-Полека но сигурно продолжуваме со  воспоставување на систем за селектирање на комуналниот отпад во општината и градиме чиста и здрава животна средина, за сите нас, додаде Пекевски.
Од „Пакомак“ порачаа дека селектирањето на отпадот и грижата за животната средина, почнува од секој поединец.
-Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција, освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца, порачаа од „Пакомак“. вс/дма/

Остани поврзан