• среда, 24 јули 2024

Во Берово започнаа Работничките спортски игри 2024

Во Берово започнаа Работничките спортски игри 2024

Берово, 20 февруари 2024 (МИА) – Во спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово вечерва започна турнирот во мал фудбал кој се одржува во рамки на спортскиот настан „Работнички спортски игри 2024“. Настанот е во организација на Општина Берово, а во рамки на турнирот во мал фудбал ќе се натпреваруваат 12 екипи поделени во две групи.

-Турнирот започнува со првите шест натпревари, значи имаме 12 екипи поделени во две групи. Ќе се игра секој со секој, а новина е што годинава најдобрите 4 екипи од двете групи ќе играат четвртфинале, истакна Новица Печински од Општина Берово.

Игрите за отворени ги прогласи градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој на сите учесници им посака добра и фер игра.

-Целта на овие игри е да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух во градот, заеднички да уживаме и нека победат најдобрите, рече Пекевски.

Турнирот во мал фудбал во рамки на Работничките спортски игри ќе трае еден месец, а за најдобрите три екипи обезбедени се награди. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан