Во Белорусија се одржува годишната мобилизациска воена вежба
- Белорусија денеска соопшти дека нејзината армија почна со годишната десетдневна „мобилизациска вежба
Минск, 21 јуни 2023 (МИА) – Белорусија денеска соопшти дека нејзината армија почна со годишната десетдневна „мобилизациска вежба“.
Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека целта на вежбите е да се процени нивото на подготвеност на државните институции за мобилизација на резервистите. Во Белорусија задолжителен е воениот рок за сите мажи, а по воениот рок тие остануваат во резервниот состав.
Белоруските сили не се директно вклучени во војната во Украина, но Минск и дозволи на Русија да изврши напади врз Украина од нејзина територија, а двете армии одржаа и повеќе заеднички воени вежби.
Овој месец Белорусија почна да добива и руско тактичко нуклеарно оружје, за кое рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е предупредување за Западот. ми/
фото: ЕПА