• среда, 15 мај 2024

Во Белорусија до 14 часот гласале преку 65 отсто од избирачите

Во Белорусија до 14 часот гласале преку 65 отсто од избирачите
Минск, 9 август 2020 (МИА)На претседателските избори во Белорусија до 14 часот излегоа на гласање 65,19 проценти од гласачите, изјави заменик-претседателот на Централната изборна комисија, Владимир Ипатов. Како што прецизира, одѕивот по региони е најнизок во Минск - 52,03 проценти, а највисок во регионот Гомел - 75,83 проценти, пренесува агенцијата ТАСС. Белорусија денеска одржува претседателски избори, на кои граѓаните избираат од петмина кандидати, вклучувајќи го и актуелниот претседател Александар Лукашенко. паг/

Остани поврзан