• сабота, 06 декември 2025

Во „Бели мугри“ во Кочани промоција на книгата „Ѕвездите светат бесконечно“

Во „Бели мугри“ во Кочани промоција на книгата „Ѕвездите светат бесконечно“

Кочани, 25 ноемви 2025 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ Кочани по повод патрониот празник 25 ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин „Бели мугри“, организира промоција на книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ во издание на книжевниот кружок „Васил Иљоски“ од Крушево. 

Збирката книжевни творби е промовирана во Меморијалниот центар „Тоше Проевски “во Крушево пред два месеци. 
Книгата е збирка од книжевни творби создадени од повеќе автори од Македонија и надвор од неа во спомен на Кочанските ангели.

Настанот е закажан за вечерва во 18 часот во малата  сала на Центарот за култура.ис/вј/

Фото: Плакат „Бели мугри“

Остани поврзан