Во Барселона уапсени двајца Алжирци, припадници на екстремистичка група
- Двајца Алжирци денеска се уапсени во Барселона во рамките на антитерористичка акција, соопшти шпанската полиција
Мадрид, 14 јули 2020 (МИА) - Двајца Алжирци денеска се уапсени во Барселона во рамките на антитерористичка акција, соопшти шпанската полиција.
Алжирците биле дел од расформираната терористичка група, која беше под истрага во 2017 година, а која планирала бомбашки напади во Барселона.
За шпанската полиција активностите на џихадистичките групи се приоритет по нападите на исламските екстремисти врз пешаците на булевар во Барселона, Ла Рамбла во август 2017 година, при што загинаа најмалку 16 луѓе.
Во мај годинава полицијата уапси Мароканец во Барселона под сомнение дека е поврзан со Исламска држава.
Од почетокот на годината до 5 јули уапсени се вкупно 16 џихадисти кои планирале напади во Шпанија. ми/