• среда, 29 мај 2024

Во Албанија расте трендот на трговија со пиштоли и калашникови

Во Албанија расте трендот на трговија со пиштоли и калашникови

Тирана, 21 април 2024 (МИА) - Во Албанија во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои се повеќе ја покажуваат својата моќ со инвестирање во скапо огнено оружје од најново производство, објави Топ чанел.

Се посочува дека во различни полициски акции во Тирана, Валона и Драч, пронајдени се бази со оружје од различен калибар.

- Според полициската статистика, во различни операции низ државата во текот на минатата година запленети се 410 парчиња огнено оружје, од кои 199 пиштоли. Во меѓувреме, годинава трендот на трговија со пиштоли е поголем. Во периодот јануари-март, од 125 парчиња запленето огнено оружје, 75 се пиштоли, наведува телевизијата.

Покрај пиштолите, оружје кое наголемо се користи е и автоматската пушка-калашников, која, тврди полицијата, најмногу се користи како алатка за извршување на мафијашки егзекуции.

Во повеќето случаи, ова оружје сторителите го оставаат зад себе во возилата, кои по извршениот криминален акт ги палат. вт/са/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан