• понеделник, 23 декември 2024

Во АД ЕСМ намален бројот на вработени, има потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал

Во АД ЕСМ намален бројот на вработени, има потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места.

Најголем процент од оние кои заминале, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини, вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.

- Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат, се наведува во соопштението.

АД ЕСМ, се вели во соопштението, има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес. цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан