• вторник, 19 ноември 2024

Во Австрија уапсени четири лица поради планирање можен исламистички напад

Во Австрија уапсени четири лица поради планирање можен исламистички напад

Виена, 24 декември 2024 (МИА) - Разузнавачката служба на Австрија приведе четири лица во истрагата за постоење исламистичка мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Апсењата следеа по индициите за можен напад врз црква во Виена и катедрала во германскиот град Келн.

Управата за државна безбедност и разузнавање при МВР на Австрија денеска соопшти дека во тек е распит на осомничените. Засега не може да се даваат повеќе детали поради истрагата која е во тек.

МВР во Виена соопшти дека безбедносната состојба во Австрија и низ Европа е тензична. Затоа безбедносните служби презедоа мерки на претпазливост за време на божиќните празници во форма на зголемен надзор и следење на јавните простори. ссм/

фото: архива

Остани поврзан