• понеделник, 23 декември 2024

Во Австралија уапсена брачна двојка под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Во Австралија уапсена брачна двојка под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Канбера, 12 јули 2024 (МИА) – Австралиската полиција во Бризбејн уапси брачна двојка под сомнение за шпионажа во корист на Русија.

Приведените се австралиски државјани со руско потекло. Ако се докаже дека се виновни можат да бидат осудени и до 15 години затвор.

Жената (40) неколку години работела како „техничар за информациски системи“ во австралиската армија. Таа добила австралиско државјанство во 2016 година, а нејзиниот 62-годишен сопруг во 2020 година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан