Во август санкционирани 1610 возачи на мотоцикли, 50 мотоцикли одземени
- При сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во текот на август Министерството за внатрешни работи санкционирале 1 610 возачи возачи на мотоцикли.
Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - При сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија во текот на август Министерството за внатрешни работи санкционирале 1 610 возачи возачи на мотоцикли.
- Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, соопштуваат од МВР.
Дополнуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ар/са/
Фото: МИА архива