• недела, 28 април 2024

Воска поуспешна од Вардар за голем исчекор кон опстанок во Првата лига

Воска поуспешна од Вардар за голем исчекор кон опстанок во Првата лига

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Во дербито на долниот дел на табелата на Првата македонска фудбалска лига, Воска попладнево како гостин го победи Вардар и направи голем исчекор кон опстанок во лигата.

На врвот, шампионот Струга ја зголеми предноста пред конкурентите Шкупи и Шкендија кои ова коло не победија.

Резултати на средбите од 28. коло во ПМФЛ: 

Гостивар – АП Брера 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 0:1
Силекс – Шкупи 0:0
Тиквеш – Шкендија 2:1
Вардар – Воска Спорт 0:1.

Вчера Брегалница – Работнички 0:1.

Табела: Струга 58 бодови, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25. зс/

Остани поврзан