• петок, 05 декември 2025

Во Охрид 27 издание на Детскиот фестивал „Распеано рибарче“

Во Охрид 27 издание на Детскиот фестивал „Распеано рибарче“

Охрид, 3 мај 2025 (МИА) – Триесет и осум изведувачи, стотина деца како придружни вокали и танчери ќе продефилираат на сцената на 27-то издание на Детскиот фестивал „Распеано рибарче“ што на 6 овој месец ќе се одржи во Охрид.

Како што посочуваат организаторите на манифестацијата, на фестивалот ќе  бидат презентирани 33 нови детки песнички, што ќе се слушаат и пеат на родендени, во градинките и училиштата.

-Уште еден доказ дека Фестивалот е вистински празник за градот. И дека Рибарчето е всушност е вистинското место на кое младите ќе го покажат својот талент а потоа ќе го насочат во креативна насока а некои дури и ќе влезат во музичките води, информираат организаторите.

Приредбата ќе почне од 19 часот, а влезниците ќе можат да се купат на благајната на Спортската сала „Билјанини извори“ салата пред почетокот на фестивалот.

И годинава покровител на манифестацијата е Општина Охрид. аб/дма/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан