• сабота, 19 септември 2026

Вооружен човек рани две лица во владина канцеларија на периферијата на Бангкок, полицијата го уапси

Вооружен човек рани две лица во владина канцеларија на периферијата на Бангкок, полицијата го уапси

Бангкок, 10 август 2026 (МИА)  - Вооружен човек денеска е уапсен откако отвори оган во локална владина канцеларија на периферијата на тајландскиот главен град, Бангкок, соопштија официјални лица, само неколку дена откако тинејџер отвори оган во училиште во истата покраина што ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Командантот на покраинската полиција, генерал-мајор Деџрапе Конгде, рече дека вооружениот човек, поранешен пратеник, застрелал висок покраински функционер и неговиот возач и дека напаѓачот е уапсен.

„Две лица се ранети и однесени во болница“, изјави тој, пренесен од британските медиуми.

Само пред три дена, во петокот, девет лица беа убиени, а повеќе од 20 ранети откако 14-годишен ученик ги застрела своите баба и дедо во нивниот дом, а потоа се самоуби во училиштето Дебсирин Нонтабури, во најсмртоносното масовно пукање во Тајланд во последните четири години.

Тајландските ученици денеска се вратија во училниците, а некои поминаа низ детектори за метал и други проверки, додека премиерот Анутин Чарнвиракул ја повтори својата намера да ја заостри контролата на оружјето по пукањето во петокот.сд/ссм/

Фото:МИА архива