• сабота, 13 декември 2025

Вооружени Палестинци извршија напад врз израелски војници во Појасот Газа

Вооружени Палестинци извршија напад врз израелски војници во Појасот Газа

Тел Авив/Газа, 20 август 2025 (МИА) - Повеќе од 15 вооружени Палестинци нападнаа воена позиција на југот од Појасот Газа денеска, соопшти израелската војска.

Напаѓачите пукале врз израелски војници и користеле противтенковски ракети во областа Кан Јунис, изјави воен претставник. Неколку од нив се инфилтрирале во воениот пункт.

Војниците возвратиле на оган, поддржани од воздушни напади, и убиле десетмина од напаѓачите.

Израелските медиуми објавија дека напаѓачите имале намера да киднапираат војници.

Тројца војници се повредени, еден од нив потешко, соопшти војската. Инцидентот сè уште е во тек, а војската изјави дека „војниците работат на лоцирање и елиминирање на терористите“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан