Вооружени напаѓачи киднапираа 35 студенти во Нигерија
- Вооружени напаѓачи во Нигерија денеска киднапираа 35 студенти и работници од Универзитет во северозападната држава Замфара, изјави портпаролот на гувернерот.

Абуџа, 22 септември 2023 (МИА) - Вооружени напаѓачи во Нигерија денеска киднапираа 35 студенти и работници од Универзитет во северозападната држава Замфара, изјави портпаролот на гувернерот.
Според локалните медиуми, учениците биле киднапирани во раните утрински часови.
Според сведоците, напаѓачите, кои биле во голем број, упаднале во студентските домови надвор од кампусот, а киднапираните студенти биле главно жени. рп/
Фото: МИА архива