• петок, 22 ноември 2024

„Волстрит џурнал“: Новата американска помош за Украина нема кардинално да ја промени позицијата на Киев на бојното поле

„Волстрит џурнал“: Новата американска помош за Украина нема кардинално да ја промени позицијата на Киев на бојното поле

Вашингтон, 21 април 2024 (МИА) - Новата американска помош за Украина нема кардинално да ја промени позицијата на Киев на бојното поле, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

„Имајќи ја предвид тешката позиција на Украина на бојното поле и успесите што ги постигнаа руските војници во последните месеци, малку е веројатно дека новата помош кардинално ќе ја промени судбината на Киев“, пишува весникот.

Во написот се потсетува дека Украина се соочува со сериозен недостиг на луѓе, како и гранати.

Според весникот, новиот пакет помош од САД, во најдобар случај, би можел да и помогне на Украина да ги спречи руските напади и да ја „задржи територијата“ додека европските сојузници не бидат во можност да обезбедат поголема помош за земјата следната година.

Претставничкиот дом на САД синоќа го усвои предлог-законот со кој на Украина, Израел и американските сојузници во Индо-пацифичкиот регион им се обезбедуваат дополнителни финансиски средства во износ од вкупно 95 милијарди долари. За законот треба да се изјасни и американскиот Сенат. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан