• понеделник, 23 декември 2024

„Волстрит Џурнал“: Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери

„Волстрит Џурнал“: Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери

Њујорк, 6 октомври 2024 (МИА) - Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“.

Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Кинеското министерство за надворешни работи денеска се огласи по повод оваа вест, соопштувајќи дека не е запознаено со хакерскиот упад кој е опишан во извештајот.

Во соопштението се истакнува дека САД и во минатото „измислувале лажни наративи за да ја обвинат Кина“.

„Во време кога кибер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, ваквиот погрешен пристап на САД само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница да најде заедничко решение преку дијалог и соработка“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг претходно ги негираше обвинувањата на американската влада и други субјекти дека користи хакери за упади во странски компјутерски системи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан