• сабота, 11 мај 2024

Волстрит журнал: Кандидатурата на Бајден за негов реизбор е „чин на длабока себичност“ 

Волстрит журнал: Кандидатурата на Бајден за негов реизбор е „чин на длабока себичност“ 

Вашингтон, 19 ноември 2023 (МИА) - Во пресрет на 81. роденден на претседателот Џо Бајден критичарите се повикуваат на резултати од најнова национална анкета во која мнозинство од Американците сметаат дека тој е престар за нов претседателски мандат и бараат неговиот кабинет да си даде оставка. 

- Кога тој лани наполни 80 години Белата куќа организираше свадба за да го одвлече вниманието од медиумите. Венчавката на внуката на Бајден во јужниот тревник не беше случајност, објави Си-Ен-Ен, напиша викендов Волстрит журнал во уреднички коментар. 

Од најнова анкета на Асошиејтед прес се дознава дека 77 отсто од Американците сметаат дека тој е во преодмината возраст за уште еден мандат. Тоа го сметаат 69 отсто од демократите, 74 отсто од независните и 89 отсто од републиканците. 

Весникот укажува дека на изборите во 2020 година Бајден навистина ја обединил земјата. 

- Гласовите за неговата возраст тогаш беа тивки за разлика од сега кога тоа е главна тема во неговата изборна кампања... Тој го ограничува својот јавен распоред и има тешкотии пред ТВ камерите, неговите помошници се плашат дека може уште еднаш да се спрепне на телевизија, наведува весникот.

Според Политико, Бајден нема да може да владее и истовремено да врши кампања како претходните претседатели. Тој едноставно нема капацитет да го прави тоа и неговиот персонал нема доверба во неговите обиди. 

- Работата на претседателот поставува тешки и одговорни задачи што вклучуваат и будење среде ноќ да се одговори на можна кинеска инвазија на Тајван. Тогаш, зошто тој бара дозвола од јавноста да остане во претседателскиот кабениет до 2029 година, кога тој ќе биде на возраст од 86 години, прашува весникот. 

Весникот укажува дека со оглед на очигледното стареење на Бајден, „да се оди на избор е чин на длабока себичност“. 

- Тој ја сакаше оваа работа можеби уште од 1987 година кога првпат се кандидираше... Од Белата куќа критиките за староста на Бајден ги отфрлаат со смешки. Секој ја запамети репликата на портпаролката Карин Жан-Пјер дека „80 се нови 40. Зар не чувте“, додава весникот.

На персоналот и семејството на Бајден им се порачува да ја стават земјата на прво место пред сите придобивки да се биде дел од кабинетот. 

- Ако реалноста е дека шефот е престар за уште еден мандат и ако тој одбива да слуша, благороден чин би било да си дадат оставка и да запрат да го заштитуваат, пишува весникот. кб/паг/ 

 

Остани поврзан