• сабота, 18 мај 2024

Волонтери од „Дрекслмаер“ засадија околу 1.600 садници во акција за пошумување

Волонтери од „Дрекслмаер“ засадија околу 1.600 садници во акција за пошумување

Кавадарци, 12 јануари 2024 (МИА) - Волонтери од „Дрекслмаер“ засадија околу 1.600 садници во акција за пошумување.

- Компанијата заедно со своите вработени продолжува со поддршка за заштита на  животната средина, информираа денеска од германската фабрика во Кавадарци.

Дел од вработените преку волонтерски пристап засадија околу 1.600 садници од видот багрем во акција за пошумување која беше реализирана во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Кавадарци. Засадувањето се одвиваше на локација во месноста Страгово во близина на Кавадарци, на соодветно подготвена земјена површина од страна на локалниот тим на претпријатието.

- Тие исто така го обезбедија потребниот алат за  работа, како и стручна поддршка за време на акцијата, соопштија од фабриката. 

Оттаму нагласија дека станува збор за заедничко делување за подобра иднина.

- Денес сѐ повеќе се зборува на темата глобално затоплување и климатски промени каде зеленилото има клучна улога. Шумите претставуваат многу важна природна вредност и оттука се идентификува потребата за заеднички придонес за зголемување на шумскиот фонд, а преку тоа заштита на климата и животната средина. Многу е важно заедно да делуваме во поглед на ова прашање. Им благодариме на нашите колеги волонтери кои ја разбираат важноста на потребата за проширување на шумските површини и со висока мотивираност се приклучуваат кон акциите за пошумување, така што ќе обезбедиме здрава иднина за нас, но и за идните генерации, соопштија од „Дрекслмаер“. 

Нагласија дека вработените волонтери од двете фабрики во Кавадрци и Куманово досега за време на бројни волонтерски акции на различни локации, засадија над 12.000 садници. свд/мд/

Фото: „Дрекслмаер“

Остани поврзан