• недела, 22 декември 2024

Волас: Велика Британија не ја исклучува можноста за испраќање на авиони во Украина

Волас: Велика Британија не ја исклучува можноста за испраќање на авиони во Украина

Лондон, 2 февруари 2023 (МИА) – Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека Лондон не ја исклучува можноста да испрати авиони во Украина, истовремено предупредувајќи дека тоа не значи „волшебно стапче“ со оглед на потребното време за обука.

- Бев јасен за авионите. Ако има нешто што научивме изминатата година, тоа е да не правиме ништо однапред и да не исклучуваме ништо, изјави Волас.

Киев бара борбени авиони Ф-16 од американско производство како помош за да ја одврати руската инвазија врз Украина. САД соопштија дека засега не планираат да испратат Ф-16 во Украина, но другите земји како Полска се поотворени за тоа прашање.

- Многу сум отворен да размислувам за секаков вид систем, не само авиони, за да и помогнам на Украина. Тие работи не се случуваат преку ноќ. Обуката на украинските пилоти би траела со месеци, истакна Волас, додавајќи дека „нема волшебно стапче за тој ужасен конфликт“.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак пред два дена изјави дека авионите Тајфун и Ф-25 се исклучително софистицирани и оти се потребни месеци обука. ми/

Остани поврзан