• петок, 22 ноември 2024

Вокер: Елиминацијата од Лигата на шампионите мора да ja искористиме како мотивација

Вокер: Елиминацијата од Лигата на шампионите мора да ja искористиме како мотивација

Манчестер, 19 април 2024 (МИА) - Манчестер Сити мора да ја искористи болката од испаѓањето од Лигата на шампионите како мотивација за да постигне нешто посебно во последните недели од сезоната, смета дефанзивецот Кајл Вокер.

Составот предводен од менаџерот Пеп Гвардиола е лидер во привремениот поредок во Премиер лигата со 73 бода по 32 кола. „Граѓаните“ имаат 2 бода предност пред вториот, односно третиот, Арсенал и Ливерпул кои имаат по 71 бод.

Манчестер Сити во сабота ќе се соочи со Челси во полуфиналето на ФА Купот.

-Тоа боли и мораме да ја преживееме таа болка. Имаме одлична серија во Премиер лигата и сега имаме навистина голем натпревар против Челси и мораме да го искористиме тоа како мотив да продолжиме напред и да направиме нешто посебно. Имаме одлична можност пред нас. Им го должиме тоа на навивачите како тим, затоа што работевме многу сериозно за да отфрлиме се во овој момент, изјави Кајл Вокер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан