• петок, 05 декември 2025

Возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата во Тетово ќе се пренесуваат на новата локација

Возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата во Тетово ќе се пренесуваат на новата локација

Тетово, 5 мај 2025

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово ги информира граѓаните дека од денеска возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата ќе се пренесуваат на новата локација, односно на просторот спроти Автобуската станица, а не во дворот на Територијалната противпожарна единица.

Ова е простор на Општина Тетово, поточно на Претпријатието, кој значително ќе ја олесни работата не само на оваа служба, туку и на Противпожарната единица, која сега има покомотен простор.

Работиме секојдневно секое јавно претпријатие да има услови и можности за да нуди што поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните.

Јавно претпријатие „Градски паркинг“ 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

 

Остани поврзан