• петок, 17 јануари 2025

Воздушниот простор на Романија нарушен за време на руски напад врз Украина, подигнати два борбени авиони

Воздушниот простор на Романија нарушен за време на руски напад врз Украина, подигнати два борбени авиони

Букурешт, 17 јануари 2025 (МИА) - Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на дрон е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.

Романија, членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го надгледува воздушниот напад.

Паѓањето делови од дронови и повреда на воздушниот простор на Романија се редовна појава во изминатата година и половина, откако Русија ја напаѓа украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведуваат агенциите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан