• сабота, 18 јануари 2025

Израелскиот министер за одбрана побара од Владата да гласа против договорот за прекин на огнот

Израелскиот министер за одбрана побара од Владата да гласа против договорот за прекин на огнот

Тел Авив, 17 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска апелираше до другите членови на владата да гласаат против договорот со Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, чие постигнување беше потврдено и од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Бен Гвир рече дека сега е уште повеќе исплашен од договорот откако беа објавени нови детали за палестинските затвореници кои треба да бидат разменети за израелски заложници киднапирани од Хамас во октомври 2023 година, објави Тајмс оф Израел.

„Сите знаат дека овие терористи повторно ќе се обидат да нанесат штета, повторно да убиваат“, рече тој во видео обраќање. зш/

Остани поврзан