Военото крило на Исламски џихад утре ќе предаде тело на израелски заложник на неговите роднини
- Военото крило на палестинската група Исламски џихад соопшти дека утре ќе го предаде телото на израелскиот заложник Одед Лифшиц на неговите роднини.

Каиро, 19 февруари 2025 (МИА) – Военото крило на палестинската група Исламски џихад соопшти дека утре ќе го предаде телото на израелскиот заложник Одед Лифшиц на неговите роднини.
Групата рече дека Лифшиц е еден од заложниците убиени за време на израелските напади врз Газа.
Хамас утре ќе ги предаде телата на уште тројца заложници – членови на семејството Бибас.
Борците на Хамас ги киднапираа Јарден и Шири Бибас и нивните две деца во терористичкиот напад на Израел на 7 октомври 2023 година. Јарден беше ослободен на 1 февруари 2025 година.
Хамас в сабота ќе ослободи и шест живи заложници, меѓу кои Хишам ал-Сајед и Авера Менгисту, кои се држат во Газа од пред почетокот на војната.
Во меѓувреме, Црвениот крст денеска повика да се почитува достоинството на безживотните тела пред претстојното предавање на телата на заложниците од Газа според договорот за прекин на огнот.
- Мораме да бидеме многу јасни: каков било вид на непочитување за време на операцијата за предавање на телата е неприфатливо, се вели во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. јт/
Фото: МИА архива