Воена вежба на руските стратешки нуклеарни сили
- Русија денеска одржа воена вежба на стратешките нуклеарни сили, при што тестираше и лансирање на ракети. Со вежбата раководеше рускиот претседател Владимир Путин
Москва, 22 октомври 2025 (МИА) – Русија денеска одржа воена вежба на стратешките нуклеарни сили, при што тестираше и лансирање на ракети. Со вежбата раководеше рускиот претседател Владимир Путин.
Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Додека од подморница во Баренцово Море беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета Синева.
Во воената вежба учествуваа и стратешките авион бомбардери Ту-95, кои истрелуваа крстосувачки ракети со долг дострел.
- Во вежбата проверени се и вештините на воените командни структури, се истакнува во соопштението на Кремљ.
Воена вежба е одржана откако беше одложен самитот на претседателот на Русија и на САД, Путин и Доналд Трамп. ми/
фото: ЕПА архива