• недела, 19 мај 2024

Воената хунта во Мали ги забрани сите политички активности до понатамошно известување

Воената хунта во Мали ги забрани сите политички активности до понатамошно известување

Бамако, 11 април 2024 (МИА) – Воената хунта во Мали денеска ги забрани сите политички активности до понатамошно известување, објаснувајќи дека сака да го заштити јавниот ред и мир.

Денешната одлука доаѓа по минатогодишната одлука за одложување на изборите на неодредено време.

Портпаролот на воената хунта, Абдулаје Маига, ја прочита изјавата во телевизиско обраќање за време на прославата на Рамазан Бајрам во оваа западноафриканска земја.

Во Мали имаше два државни удари од 2020 година, што доведе до бран на нестабилност што ја погоди Западна и Централна Африка, а ситуацијата ја влошија терористичките акции на исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан