Водостојот на Охридското Езеро денеска на котата 693,26 метри надморска височина, температурата на водата 23,5 степени
- Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,26 метри надморска височина или 20 сантиметри под просекот за август (693,46 мнв).
Охрид, 18 август 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења се наоѓа на котата 693,26 метри надморска височина.
Тоа е 20 сантиметри под просекот за август (693,46 мнв), што најмногу е последица на продолжениот сушен период со многу помалку врнежи од вообичаеното.
Температурата на водата е во рамки на просекот односно денеска се измерени 23,5 степени Целзиусови, што е за половина степен над просекот за овој период од годината. аб/са/
Фото: МИА архива