Водостопанство ,,Тиквеш" со апел за совесност при користењето на водата за наводнување
- Водостопанство „Тиквеш", подружница на АД Водостопанство, денеска упати апел за совесност при користењето на водата за наводнување, до водокорисници, особено до поединци од селото Виничани.
Кавадарци, 4 мај 2025 (МИА) - Водостопанство „Тиквеш", подружница на АД Водостопанство, денеска упати апел за совесност при користењето на водата за наводнување, до водокорисници, особено до поединци од селото Виничани.
- Се предупредуваат жителите од село Виничани, кои се осмелиле да ја спуштат вратата на каналот во Виничани и со тоа да предизвикат кинење на каналот и да ја загрозат безбедноста на жителите, дека ако уште еднаш се случи ваков немил настан, од безбедносен аспект, ќе биде сопрено водоснабдувањето, а одговорноста за прекинот ќе биде на страна на жителите, предупредија од подружницата.
Оттаму нагласија дека навреме обезбедиле вода за наводнување и дека очекуваат совесност при наводнувањето од страна на сите водокорисници.
И претходно од подружницата алармираа дека несовесни оштетуваат каналска мрежа за наводнување и фрлаат гранки во каналот во Тиквешко, со што предизвикуваат штети и проблеми за вработените во водостопанското претпријатие, а со тоа индиректно ги оштетуваат и земјоделците кои наводнуваат од хидромелиоративниот систем „Тиквеш“.
Оваа подружница обезбедува вода за наводнување за земјоделските култури во општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. свд/сст/
Фото : Фејсбук на Водостопанство ,,Тиквеш"