• недела, 30 јуни 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна

Водата за пиење во Скопје е безбедна
Скопје, 4 мај 2021 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микорбиолошка анализа земени од 40 мерни места во градот. Како што соопштија денеска од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, од 26 до 30 април земени се 148 примероци за физичко-хемиска и 148 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење. -Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од „Водовод и канализација“.бт/дма/

Остани поврзан