• понеделник, 23 декември 2024

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација.

Контролите се извршени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.05.2023 до 19.05.2023 на 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. 

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација. мч/лв/

Остани поврзан