• недела, 30 јуни 2024

Водата во Скопје исправна за пиење

Водата во Скопје исправна за пиење
Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Водата за пиење во Градот Скопје е исправна за пиење, покажале резултатите од анализите на примероците земени од 44 мерни места. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 август зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговраат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Ова јавно претпријатие, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, објавува неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.  сст/ац/

Остани поврзан