• петок, 05 декември 2025

Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење

Скопје, 23 јуни 2025 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 16 јуни 2025 до 20 јуни 2025 година зема 212 примероци за физичко-хемиска и 212 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан