Водата во Скопје безбедна за пиење
- Секторот за санитарна контрола на претрпијатието од 30.12.2024 до 05.01.2025 земало 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа од 41 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат најновиот неделен извшетај на ЈП „Водовод и канализација“.
Секторот за санитарна контрола на претрпијатието од 30.12.2024 до 05.01.2025 земало 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа од 41 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. мч/дма/
фото: МИА архива