Водата во Скопје безбедна за пиење
- Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 204 примероци земени од 46 мерни места во градот.

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 204 примероци земени од 46 мерни места во градот.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 до 15 ноември зема 204 примероци за физичко-хемиска и 204 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“. дма/
Фото: МИА архива