• понеделник, 23 декември 2024

Водата во Македонска Каменица е безбедна за пиење и користење, покажале резултатите од направената анализа

Водата во Македонска Каменица е безбедна за пиење и користење, покажале резултатите од направената анализа

Македонска Каменица, 14 ноември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Камена Река” ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека спроведени анализи на водата за пиење во општина Македонска Каменица покажуваат позитивни резултати, кои потврдуваат дека водоснабдителниот систем обезбедува чиста и здрава вода за пиење.  

Анализите, во стандардна и редовна процедура, постојано се вршат во Центарот за јавно здравје, а резултатите од истите, како што се вели во денешното соопштение од претпријатието, потврдуваат дека водата е безбедна за пиење и користење. 

- Сите параметри на квалитетот на водата се во рамките на законски утврдени стандарди, што значи дека граѓаните на Македонска Каменица можат да бидат сигурни во здравствената исправност и безбедност на водата што ја користат, информираа од претпријатието.

Јавното претпријатие „Камена Река” и Општина Македонска Каменица, како што додадоа, ќе продолжат континуирано да се залагаат за унапредување на квалитетот на услугите и постојано да инвестираат во подобрување на инфраструктурата за водоснабдување, обезбедувајќи ги највисоките стандарди на квалитетот на водата за пиење.

- За сите дополнителни прашања граѓаните на Македонска Каменица можат да се обратат до Јавното претпријатие каде можат да ги добијат потребните информации, додадоа од ЈП „Камена Река".

Во прилог на нивното соопштение од претпријатието на нивната веб страница ги споделија извештаите од извршените тестирањата и спроведените анализи на примероците со водата за пиење земени од каптиран извор на вода и градските чешми во Македонска Каменица. вс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан