• сабота, 28 декември 2024

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.10.2022 до 14.10.2022 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. мд/бак/

Остани поврзан