• сабота, 21 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Се покажа компромитираноста на судството, Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи

ВМРО - ДПМНЕ: Се покажа компромитираноста на судството, Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи

Скопје, 14 декември 2024

 

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки.

Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДС. ДУИ и СДС заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и обвинителите ги бираа во нивни партиски штабови.

Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДС и ДУИ вијаеле и ја спречиле правдата, или пак во колку граѓански постапка влијаеле за да се донеси одлука во нивна корист? Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2%.

За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи.

Јавното обвинителство не треба да чека, туку треба веднаш да постапува и да ги обезбеди доказите. Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи.

Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платите од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДС и ДУИ мора да има.


Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан