ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата која СДС ја обвинува за тендерска мрежа добила 45 милиони од Општина Центар
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 6 март 2025
Некој повторно ги мести СДС, фирмата која ја обвинуваат за тендерска мрежа, добила 45 милиони од Општина Центар, дали и Герасимовски е ВМРО-ДПМНЕ?
Толку ли немаат во СДС компас каде се наоѓаат и што се случува, па за пресконференции каде наводно објавуваат скандали на ВМРО-ДПМНЕ вадат фирми кои свртеле милиони во општините водени од градоначалници на СДС.
Знае ли Венко Филипче како го брукаат, и дека со секој поминат ден се повеќе го спуштаат и онака нискиот рејтинг на неговата партија?
Не не интересира што прават СДС, тоа си е нивна внатрешна битка, ни заради прецизно информирање, за кратко мораме да ги прекинеме нивните дворски игри во партијата и да ја кажеме реалноста.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ
____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото: МИА архива