• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за локалните избори во октомври избира кандидати за пораз

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за локалните избори во октомври избира кандидати за пораз

Скопје, 21 јули 2025 

Венко Филипче функционирајќи како потрчко на Зоран Заев и нанесува штета и себе си, и на партијата и на државата.

Оттука Филипче за претстојните локални наместо личности за победа избира личности за пораз. Свесни во партијата за тоа бегаат подалеку, па Филипче останува со потрчковците на Заев.

Така за кандидат за главниот град изборот падна на Каја Шукова, која како министер за животна средина освен што се жалеше не направи ништо.

Како и да е Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз.

Јасно е дека СДС се подготвува за октомвриски тежок пораз, тоа како да им е јасно и на самите кандидати.

Ова покажува дека кога политичарите се водени од лични бизнис интереси, наместо кон победа се движат по сигурен пат кој води до пораз.

Скопје пак има потреба од личност на која приоритет и е градот Скопје и скопјани.

Оттука за локалните избори во октомври се знае резултат однапред. Граѓаните ќе дадат црвен картон за политиките на СДС креирани од Филипче.


 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан