• петок, 14 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните

Скопје, 14 февруари 2025

СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните.

СДС се тие во чие време на седум годишно владеење до прагот на сиромаштија донесоа над 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден.

Сиромаштијата во време на владеење на СДС зазеде големи размери, а народот одвај преживуваше. Од друга страна елитата на СДС се богатеше и луксузираше на грбот на граѓаните.

Македонската јавност памети дека скапотијата и инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

СДС се тие кои што го уништија енергетскиот сектор и ги ограбија енергетските компанија, кои преку наместени тендери се богатеа а народот осиромашуваше.

Токму поради ваквото уништување и грабеж на енергетскиот сектор и компании, цената на електричната енергија се зголеми за 50%.

СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%.

Затоа, наводната грижа на СДС од опозиција за животниот стандард на граѓаните е лажна и лицемерна.

Економскиот пустош што го оставија треба долго време да се санира и среди. Токму затоа, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано презема мерки за подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните.

Расте бројот на странските инвестиции, се зголемуваат плати и пензии, се намалуваат цените на прехранбените производи.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт како граѓаните, така и целокупните општествени чинители, имаат партнер со кој заеднички креираат и носат политики за доброто на сите.


 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан