• вторник, 16 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС води политика адекватна на детска градинка

ВМРО-ДПМНЕ: СДС води политика адекватна на детска градинка

Скопје, 16 декември 2025

На соопштението на СДС со наслов „Мицкоски побегна од Резолуцијата, дури во Брисел“, не може да одговориме никако поинаку, освен тоа дека Самитот Западен Балкан е закажан половина година порано, и дека СДС води политика адекватна на детска градинка, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.

Или Заев нека им ги одземе тастатурите во штабот на СДС или СДС на наредните избори ќе има помалку од 100 илјади гласови.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан