ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот
- СООПШТЕНИЕ - Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска
Скопје, 20 мај 2025
Очигледно СДС се жестоко исплашени поради борбата против криминалот, чим излегуваат на прес конференции со лаги и конструкции.
Ним не им е проблемот начинот на избор на Александар Јанев кој е законски, туку работата и борбата против криминалот на Јанев и министерот Тошковски.
Во тој контекст разбирлив е стравот на СДС од функционирањето на Јанев, БЈБ и МВР, затоа што ако не беше оваа нивна прес конференција Кузеска ќе требаше да одговори каде е нивниот директор, Васко Ковачевски кој е и официјално во бегство, како нивниот лидер Филипче и другиот лидер во сенка Заев стигнаа до златни визи во Дубаи, од каде се парите за тоа и колку чини целиот бизнис? И зошто не поддржаа ниту една акција на МВР во борбата против криминалот?
СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки